Регион

Иселениците ќе можат да вадат патни исправи секојдневно во амбасадите и конзултатите

Иселениците ќе можат да вадат патни исправи секојдневно во амбасадите и конзултатите

Само 150.000 евра чинело да се реши проблемот со летните гужви во одделенијата за издавање на пасоши кои ги правеа нашите иселеници кога доаѓаа на годишен одмор во Македонија. И само 150.000 евра чинат базните станици кои МВР ќе ги инсталира во 15 дипломатско-конзуларни претставништва со што ќе заврши 30-годишната голгота на нашите иселеници кои чекаа со месеци да извадат патна исправа која им беше од круцијално значење за егзистенијата во земјите во кои живее.

Министрите за надворешни и за внатрешни работи, Бујар Османи и Оливер Спасовски денеска го промовираа заедничкиот проект на МНР и МВР кој опфаќа инсталирање на базни станици во 15 ДКП на Македонија ширум светот.

– Времето за чекање за патна исправа во нашите ДКП досега беше 4-5 месеци. Тоа беше малтретирање за граѓаните и значеше дополнителни трошоци за нашите дипломати и за експертите од МВР.  Тоа што го правиме денес е револуција на услугите кои ги дава државата за дијаспорите.

Затоа што откако ќе се инсталираат овие базни станици, граѓаните секој ден постојано ќе можатда а одат да извадат патна исправа. Една екипа од МВР е во Германија за да инсталира базни станици во Бон, Берлин и Минхен – рече Османи кој се надева дека до крајот на октомри, ако дозволат епидемиолошките услови, да бидат инсталирани сите.

Османи и Спасовски се договориле да инсталираат базни станици секаде каде што има поголема бројка на наши иселеници и да го решат овој сериозен проблем на луѓето.

Препорачуваме:

Книжевниот клуб во Босилово ја читаше и дискутираше „Парадоксот на Диоген“

Ѓ. K.

Петмина струмичани во самоизолација поради контакт со заболено лице од КОВИД 19 во Струмица

Сузана Мицева

Протест на екс и сегашните вработени во Јака 80 во Радовиш- си ги бараат заостанатите плати