• Fri. May 17th, 2024

Книжевниот клуб во Босилово ја читаше и дискутираше „Парадоксот на Диоген“

ByЃ. K.

Aug 16, 2023

Europe House Струмица заедно со Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица одржа Book Club дружење во Мултимедијалниот центар во Општина Босилово.

Изборот за овој месец, на барање на читателите беше драмата „Парадоксот на Диоген“ на македонскиот писател Томе Арсовски од 1961 година.

Читателското патување беше водено од младата писателка Рената Атанасова во ко-модераторство и соработка со м-р. Аница Глигорова Милева, библиотекар советник и Гонца Запрова Анастасова, виш библиотекар.

Посетителите и овојпат уживаа во читателска дружба исполнета со читање, разговор и дискусија за оваа извонредна македонска драма, за која споделија различни размислувања и доживувања за истата.

By Ѓ. K.