Регион

Изградена е влезната улица во Старо Конско

Изградена е влезната улица во Старо Конско. Проектот е реализиран со средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Со тоа е решено уште едно ветување кон мештаните, нагласи градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој изврши увид по завршување на градежните активности на улицата и направи заедничка обиколка со жителите во населеното и туристичко место. Зафатот за изградбата на влезната улица се реализираше во пресрет на празникот Свети Илија, Патрон на Старо Конско, по којшто повод, Месната заедница на Старо Конско организираше слава.

Со зафатот, не само што им е олеснет пристапот на сопствениците на викендички во Старо Конско туку и подобрени условите во патната инфрастуктура како значаен фактор за развој на туризмот, имајќи го предвид фактот дека Старо Конско е одлична дестинација за посета на домашни и странски туристи, со природни богатства и културни знаменитости, како што е селската црква „Св. Димитриј“.

Препорачуваме:

Иницијатива за интерконективно гасно поврзување на Струмица со Петрич

Стојне Митева

Почна 17.Меѓународна ликовна колонија во Гевгелија

Ќе се формира регионален социјален совет на Југоисточниот регион

Сузана Мицева