Спорт

Валенти: Одигравме добро, но има простор да се напредува

АП Брера започна со победа на отварањето на новата сезона. Тимот славеше со 1-0 против Вардар благодарение на фантастичниот евро-гол на Јанкулов во 59. минута од средбата.

Џовани Валенти, тренерот на АП Брера беше задоволен од неговите играчи и истакна дека го одработеле договореното, но остави и простор за напредок во иднина.

„Натпреварот беше добар. Го одигравме тоа што го работевме на подготовките. Одредени работи ги направивме добро, но не очекувавме дека Вардар ќе не нападне горе високо. Имавме многу шанси, но не ги искористивме во текот на целиот натпревар. Екипата има простор да напредува, од натпревар во натпревар“, вели Италијанецот.

Препорачуваме:

Струмица поразена од холандскиот првак во квалификациите за ЛШ

Ване Трајков

Типувај во која група ќе биде Македонија на ЕП во одбојка и добиј комплет дрес, повикаа браќата Никола и Ѓорѓи Горѓиеви

Кадетите на Пандев во финалето од Купот – Беласица противник ако утре слави над Работнички

Ване Трајков