Регион

Зелените пазари во Струмица отворени – редари ќе внимаваат да не се создава гужва

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица ги известуи граѓаните дека сите зелени пазари се отворени за продажба на земјоделски и прехранбени производи, но со посебни услови за работа заради вонредните околности со КОВИД 19.

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ врши постојана дезинфекција, а постави и редари за максимално почитување на посебните услови. Тоа значи дека сите продавачи треба да носат заштитни маски и ракавици, а истите заштитни мерки важат и за купувачите.

Препорачуваме:

Видео: Три општини од Југоистокот со заедничко автобуско поврзување

Донација на Кожувчанка во борбата против Ковид-19

ЈПКД „Комуналец“ организираше Ифтарска вечера за вработените од исламска вероисповед

Ѓ. K.