Регион

Зголемена контрола на депонијата кај Гевгелија

По серијата пожари на депонијата кај Гевгелија, воведена е целосна контрола на просторот каде што се депонира комуналниот отпад, но и на околниот простор. Од страна на ЈПКД„Комуналец“ извршено е целосно заградување на депонијата и обезбеден само еден влез за возилата кои депонираат отпад. Околниот простор е исчистен и од страна на инспекциските служби во општина Гевгелија контролата е зголемена. Пред се, во поглед на одржување на просторот за депонирање на отпадот. Паралелно се преземаат и заштитни мерки за отстранување на дивите собирачи на пластика, главно, Роми од другите делови на земјата, кои диво се населуваат крај депонијата.
Во текот на март депонијата неколку пати беше потпалувана, засега од непознати сторители, што предизвикуваше голем чад кој се ширеше и во градот. Со заедничка акција на ТППЕ-Гевгелија, ЈПКД„Комуналец“ кој стопанисува со депонијата и специјални екипи за дејствување и локализирање на пожари предизвикани од комунален отпад, депонијата беше ставена под контрола.

Препорачуваме:

Повторно се вршата истражувања на локалитетот „Свети 40 Севахистиски маченици“

Ване Трајков

Ивана Мазнејкова доби награда од Универзитетот „Гоце Делчев“ за постигнатите успеси во областа на уметноста

Сузана Мицева

СВР Струмица најави засилени сообраќајни контроли