• Sat. May 11th, 2024

За три месеци- тројца сексуални напаѓачи- нема типичен профил велат психијатрите

Во октомври, декември лани и јануари годинава СВР Струмица поднесе три кривични пријави против три лица за кривично дело силување. Заедничко на сите им е што сторителите се од машки пол, на возраст од 20, 25 и 35 години и се нафрлале на жртвите фаќајки ги по интимите делови, по што, откако им бил пружан отпор, бегале од местото на злочинот. Психијатрите велат дека типичен профил не постои. Станува збор за комплексна патологија на однесување кое зависи од различни фактори како на пример психосоцијални, семејни, трауми од најраниот детски развој или пак несоодветно адаптирање во врсничка група во време на пубертетот.

Има и псевдосоцијален тип на напаѓч. Заедничко им е, што овие лица со патологија на однесувањето, не чувствуваат вина за стореното дело.

Меѓу потенцијалните насилници има и сексуално-агресивен тип кој растел во злоставувачко дисфункционално семејство со долга историја на антисоцијални дела, кој врши сексуални напади за да ја задоволи желбата за доминација, израз на бес и понижување на жртвата.

Според експертите во Македонија освен казната, најчесто се работи со напагачите на психотерапевтска терапија, фармаколошка, групна со цел да се превенира вакво однесување во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *