• Fri. May 17th, 2024

По карневалот, самба и румба забава под маски на струмичкиот плоштад со Ди Џеј од Аруба

ByВане Трајков

Jan 10, 2018

Ди џеи од Аруба ќе прават карневалска забава со техно звуци од самба, салса, румба, на струмичкиот плоштад веднаш по завршување на главното карневалско дефиле. Ова е новитетот што го најавија од организациониот одбор на струмичкиито карневал од каде најавија дека карневалските денови ќе бидат од 14 до 21 февруари а големото дефиле на 17. Според Александар Цицимов гостите од Аруба и ова година ќе бидат присутни на карневалот, но освен што ќе настапат на големото дефиле, се очекува да ги забавуваат и посетителите на струмичкиот карневал на забавата под маски на плоштадот веднаш по дефилето

Карневалските денови започнуваат во среда, 14 февруари со детскиот маскенбал, потоа  „Концертот под маска“ на музичкото училиште, литературните читања на Струмичката библиотека, изложбата на карневалски фотографии, маскенбалот за избор  на принц и принцеза а по големото дефиле ќе биде детскиот карневал и останатите содржини.

На главното дефиле на струмичкиот карневал се очекува да земат учество околу 1400 карневалџии од земјава и странство а истиот ќе чини околу 6 милиони денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *