Свет

Захариева: На Македонија и’ претстои многу работа

Бугарската министерка за надворешна работа, Екатерина Захариева, чија земја претседава со ЕУ од почетокот на годинава, на прес-конференција во Луксембург соопшти дека е донесена одлука за проширување на организацијата со две земји од Западен Балкан, што според неа е добра вест за регионот, но и за самата Европа, пренесува Макфакс. До тогаш владите во Скопје и Тирана треба да ги исполнат поставените услови, кои се однесуваат на реформите во судството, администрацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Процесот допрва почнува, претстои многу работа, а заклучокот на Советот за двете држави е поврзан со услови кои се однесуваат на владеење на правото, продолжување со реформите во судството, на администрацијата, борбата против организираниот криминал, што особено се однесува на Албанија“, рече Захариева.

извор: makfax.com.mk

Препорачуваме:

Привремено прекинато испитувањето на вакцини против коронавирус, се разболеа учесниците во тестирањето

Сузана Мицева

Русија го прекина огнот за да се евакуираат цивилите во Киев, Мариупол и Харков

Сузана Мицева

Турски активист за човекови права осуден на доживотен затвор

Сузана Мицева