Свет

Русија го прекина огнот за да се евакуираат цивилите во Киев, Мариупол и Харков

Русија прогласи примирје и кажа дека ќе отвори хуманитарни коридори за извлекување цивили од повеќе украински градови, објавија државните медиуми.

Прекинот на огнот ќе почне во 8 часот по македонско време, при што ќе се постават евакуациски маршрути од Киев, Харкив, Мариупол и Суми, околу кои се одвиваат значајни руски воени операции. Москва не објави колку ќе трае примирјето, но додаде дека коридорите се отвораат на барање на францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера телефонски разговараше со Владимир Путин.

Руското министерство за одбрана кажа дека цивилите ќе може да заминат во Русија и Белорусија и дека примирјето ќе се надгледува со дронови.

Изминатиот викенд имаше два обида за примирје и за евакуација на цивилното население од Мариупол и Волноваха, но пропаднаа за кратко време, за што двете страни меѓусебно се обнинуваа.

Препорачуваме:

Ако барате работа, на море нудат плата од 1.300 евра

Сузана Мицева

Стотици летови откажани во САД поради Омикрон

Почина петгодишниот Рајан набргу откако беше извлечен од бунарот во Мароко