Регион

Загина тракторист од Вељуса, втора жртва од превртени трактори за два дена

Вчера напладне околу 12.00 часот на место викано „Скрка“ на планината Еленица во Струмица, 49- годишниот В.К од село Вељуса, управувајќи трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, се превртел и се здобил со тешки телесни повреди.

На пат кон болница К.В. починал. Во незгодата со телесни повреди се здобила неговата сопруга С.К., која во моментот на несреќата била на тракторот.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Пред два дена загина тракторист и кај Трибичино откако се превртел во провалија на свијокот од излезот на селото

Препорачуваме:

Месецов, струмичани трошат дури 700 кубици вода за еден час

Стојне Митева

Се бараат уште попишувачи и инструктори за 7 општини од Југоистокот

Мпц промовира нова коледарска песна