Регион

Месецов, струмичани трошат дури 700 кубици вода за еден час

Месецов, струмичани трошат дури 700 кубици вода за еден час.

Струмица со речиси двојно поголема потрошувачка на вода во летниот период , споредбено со зимата. Од ЈКП Комууналец информираат дека за еден час , струмичани трошат дури 700 кубици вода. Рационалното трошење на вода ќе допринесе заштеда на водните ресурси, а и помала сметка за вода.

Стојан Ефтимов рад. на водостопанство ЈКП Комуналец

Многу се однесуваме расипно кон водата, бидејќи се уште не сме ја почувствувале кризата. Сметам дека оваа слатка, питка вода којашто е со извонреден квалитет , осбено во Струмица, непотребно ја трошиме на многу работи кои не се поврзани со потребите на домаќинствата, како поливање на градини, тревници, а дури постојат и инфорамции дека земјоделски производители наводнуваат со водата од водоснабдителниот систем, дециден Ефтимов

Стојан Ефтимов рад. на водостопанство ЈКП Комуналец

Струмичани во просек во зимскиот период трошат по 400 метри кубни вода, а Ефтимов додава дека овие работи треба да се променат пред се со покачување на јавната свест, односно граѓаните да сфатат дека штедењето на вода не е само намалување на сметката, туку огромен придонес за животната средина, заштеда на енергија и придонес кон глобалното затоплување.

Препорачуваме:

Македонија и Бугарија се поблиску: Можен ли е договор со техничката влада?

Стојне Митева

Новус организира тркалезна маса за транспарентност и отчетност на институциите од југоистокот

Седум лица од Струмица под истрага за обид за убиство

Стојне Митева