Регион

Заврши реконструкцијата на улицата „Крушевска Република“

Порано од предвидениот рок, завршува уште еден голем проект – комплетна реконструкција на улицата „Крушевска Република“.

Се асфалтираат последните метри и оваа значајна и фреквентната улица во горниот дел од градот добива нова, модерна и функционална димензија од кружниот тек кај ЕВН до улицата „Бел камен“. Дополнително „Комуналец“ ќе ги уреди зелените површини.

Реконструкцијата чини 19 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.

Препорачуваме:

До 11 часот излезноста во Струмица 18,93%

Догодина четири нови ветерници кај Богданци

Лоша патна инфраструктура и дива депонија на секој агол – еве што најмногу им пречи на странските посетители

Стојне Митева