Регион

Лоша патна инфраструктура и дива депонија на секој агол – еве што најмногу им пречи на странските посетители

Патната мрежа и хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите на земјава анкетирани на граничните премини во земјава. Оние што во текот на минатата година поминале преку граничните премини во земјава најниски оценки дале за патната мрежа и  хигиената на јавни места. Највисока оценка посетителите дале за однесувањето на луѓето.

Просечнната оценка на услуите на странските посетители на граничните премини во 2019 година, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесува 4,16. Однесувањето на луѓето го оцениле со 4,53, археолошките и историски ресурси 4,51, природната средина 4,41, рестораните 4,37, аеродромските услуги 4,32, забавата и ноќниот живот добиле оценка 4,25, безбедноста  и здравствените услуги добиле оценка 4,19, хигиената на јавните места 3,71 и патната мрежа 3,64.

Најголемиот дел од оние што се регистрирани  во земјава на граничните премини транзитирале, односно 44,4 отсто, 36 процени престојувале во земјава, а 19,6 отсто оствариле еднодневна посета.

Според возраста, најчести посетители се меѓу 36 и 42 години, група која и најмногу транзитирала. На еднодневен престој најчесто или околу 30 проценти доаѓале посетители на возраст од 43 до 50 години, а 25 проценти биле во возрасната група од 36 до 42 години. Над 40 проценти од оние што транзитирале се оние од 36 до 42 години, а еднодневни посети најмногу или 30 отсто правале посетителите на возраст од 36 до 42 години, но и оние на возраст од 43 до 50 и од 51 до 59 години.

Посетителите најмногу трошеле во земјава на храна и пијалаци над 20 проценти од средствата, како и за забава, рекреација, здравство и слично, но оставале средства и за купување производи во трговијата.

Препорачуваме:

(Видео) 18 годишниот Виктор Сирачев од Радово ќе биде дел од илинденската коњаница на Мечкин камен

Сузана Мицева

Утре променет режим во сообраќајот поради градежна офанзива во Струмица

Ѓ. K.

Три води, Раборци, Попчево, Белотино, Костурино, Мемешли, Орманли, Дорломбос и околината се без електрична енергија

Ѓ. K.