Регион

Заболеното лице од Струмица имало работа со многу контакти – епидемиолозите тврдат дека ситуацијата е под контрола

Струмица денеска го забележи првото лице позитивно на корона – вирусот. Центарот за јавно здравје информира дека 32 годишник од Струмица е првиот потврден случај, а по направените епидемиолошки анкети, во домашна изолација се ставени уште седум лица. Иако лицето работело со многу луѓе на различни локации, епидемиолозите велат дека се следи ситуацијата и засега нема простор за паника.

Низ Струмица и денеска е раздвижено, а граѓаните го користат убавото време за прошетки. Се согласуваат дека заштита е потребна но, поделени им се мислењата околу траењето на забраната за движење.

Овој е трет случај на КОВИД 19 во струмичкиот регион. Досега имаше уште два случаи но во други општини.

Препорачуваме:

На 19 април струмичкиот театар одбележува јубилеј од 75 години постоење

Ѓ. K.

Училиштата должни да спроведат онлајн настава за оние кои се во изолација

Стојне Митева

Стартува новата сезона на емисијата Бизнис Лаб