• Sat. May 18th, 2024

Владата треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести да има продолжен полиицски час

ByВане Трајков

May 20, 2020

За претстојниот продолжен викенд за празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј, Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час да трае од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот. Министерот Венко Филипче кажа дека ваквиот предлог е доставен до Владата, бидејќи изминатиот период не се почитувале мерките да нема собири и групирања, па затоа имаме нови случаи на заразени со КОВИД-19.

 

„Сите случаи кои ги имаме на позитивни пациенти изминативе неколку дена се должат на настани или семејни собири. Поради непочитување на мерките имаме нови случаи и само една ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект“, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање при увидот на градежните работи за улиците и новиот паркинг во Клиничкиот центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *