Регион

Жените од Радовиш синоќа на протест.Го кренаа своjот глас против насилството врз жената.

Жените од Радовиш бараат доживотен затвор за ладнокрвниот убиец на 68 годишната нивна сограѓанка минатата недела.Тие синоѓа го кренаа гласот против институциите, бараат поголема заштита на жените.Радовишанките синоќа организираа мирен протест прашуваат до кога ќе бидат жртви ,а интитуциите ќе чекаат убиство.

Невладината организација на жени ,,Женска акција ,,заедно со други жени од оваа општина синоќа водени од минатато неделното ладнокрвно убијство на нивната сограѓанка, бараат поголема заштита врз сите жени од сите видови на насилство.

Жените кои синоќа беа дел од протестот велат дека ниту на улица во градот не се чувствуваат безбедни.

На 6 април во попладневните часови роднини на убиената 68 годишната радовишанка, го пронашле телото.Осомничениот е 26 годишен кој според јавното обвинителство делото го сторил од користољубие.Сторителот откако ги одзел парите на жената ладнокрвно ја убил.

Препорачуваме:

Кривична за Србинот што направи сообраќајка кај Удово превезувајќи мигранти

Сузана Мицева

Жртвите се од Скопје, Битола, Струмица и Велес

Стојне Митева

Битолска Пелагонија го купува Здравје Радово за 12,6 милиони евра