Свет

ЕУ ГИ ПРОДОЛЖИ САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА

Европската унија ги продолжи до септември санкциите кон поединци од Русија и Украина вовдени заради судирите во Украина, соопшти Брисел.

„Црната листа“ од околу 150 луѓе на кои им е воведена забрана за патување и им е замрзнат имотот е придодадена на економските санкции кои ЕУ ги воведе против одбрамбениот, финансискиот и енергетскиот сектор на Русија, пренесува АФП со оценка дека поради тоа рускиот претседател Владимир Путин бил бесен.

Во соопштението од Брисел е наведено дека државите членки ги „продолжиле на уште шест месеци рестриктивните мерки на ЕУ против 146 луѓе и 37 компании заради постојано поткопување и загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“, додела од листата се отстранети три лица кои во меѓувреме починале.

Следното обновување на овие санкции ќе уследи на 15 септември. На црната листа на ЕУ се наоѓаат рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, за кој АФП наведува дека ја поддржал руската анексија на украинскиот полуостров Крим во март 2014, како и Аркадиј Бахин и Анатолиј Антонов, министерот за одбрана на Русија и неговиот заменик.

Тајкунот Аркадиј Ротенберг, кој исто така се најде под санкциите на ЕУ, е опшишан како „долгогодишен пријател на претседателот Путин и негов поранешен спаринг партнер во џудо“ и агенцијата тврди дека извлекол корист од блиските врски со моќникот од Кремељ.

Препорачуваме:

Републиките во Донбас ги ратификуваа договорите со Русија

Сузана Мицева

Германски работодавци со повик до Владата: Ни требаат работници од Западен Балкан

Сузана Мицева

Трамп го нарече Џон Болтон лажго кој го прекршил законот

Сузана Мицева