Регион

Дополнителен рок за аплицирање за набавка на системи за наводнување

Дополнителен рок за аплицирање за набавка на системи за наводнување

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделсвото и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека за 15 дена се продолжува рокот за поднесување на апликации за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површинска вода. Новиот краен рок за алицирање е 11.02.2022 година ( петок). Новиот рок е на барање на заинтересираните апликанти. Агенцијата им излезе во пресрет со нов рок, се со цел да можат да ги приберат сите потребни пропратни документи кои се бараат на овој Јавен Повик.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека право за добивање на оваа поддршка имаат сите земјоделци кои се евидентирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

„Сите заинтересирани барањата може да ги поднесат електронски на e– baranje.ipardpa.gov.mk. Максималната сума која може да ја земе поединечно секое земјоделско стопанство за систем за наводнување е до 1.800.000 денари додека финансиската поддршка за инвестиции во бунари или зафати за површинска вода е до 364 илјади денари по корисник. “ – информира Бачовски.

Препорачуваме:

Приведени четири лица од Радовиш за физичка пресметка и агресивност

Ване Трајков

Денес екстремно жешко, попладне нестабилно

Сузана Мицева

Изминатиов период се реализираа неколку активности во Општина Босилово

Ѓ. K.