Регион

Доделени наградите на филмскиот фестивал Астер Фест во Струмица

Стручното жири на 14-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ составено од Данчо Чеврески, Гинка Андреева, Андреј Кошак и Ед Годсел, одлучи да се доделат следниве награди:
• Златна потковица за македонскиот краток анимиран филм „Кружно патување на монахот“ на авторот Жарко Иванов
• Сребрена потковица за британскиот краток документарен филм „Последната бура“ на авторот Лајам Сент-Пјер
• Бронзена потковица за австрискиот краток игран филм „Доверба“ на авторката Јулијана Нојхубер
• Специјалната награда Старозлатен проектор за рускиот краток игран филм „Егзодус 20“ на авторката Јана Недзветскаја
• Наградата Ацо Алексов за најдобар автор за иранскиот краток анимиран филм „Човек-миленик“ на авторот Марзиех Абрарпајдар
• Наградата Ѓорги Абаџиев за најдобро сценарио за кинеско-американскиот краток анимиран филм „Еден мал чекор“ на авторите Боби Понтилас и Ендру Чесворт
• Специјално признание од жирито за македонскиот краток документарен филм „Водата“ на авторите Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш
• Специјално признание од жирито за белгискиот краток игран филм „Маркет Плејс“ на авторката Аник Кристијаенс

Препорачуваме:

Грчки државјанин сакал да прошверцува 1200 кутии цигари на Стар Дојран

Сузана Мицева

Јанев- Имаме огромни долгови, но ќе се трудиме финансиски да ја стабилизираме општина Василево и да ги реализираме планираните проекти

Пронајден радовишанец осуден на шест години затвор

Ѓ. K.