Регион

Доделени наградите за најдобра еротска карикатура и афоризам

Во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица синоќа беше отворена изложбата на Фестивалот за карикатура и афоризми, кој е посветен на благата еротска тематика на карневалот. Меѓу изложените дела се и оние на наградените, Хенрик Цибула од Полска, добитникот на Златна плакета во категорија карикатура, и Веселин Зидаров од Бугарија, добитник на првата награда во областа афоризам.

Сребрената и бронзената плакета за афоризам ги добија Дејана Сеиловиќ од Србија и Ленче Стојменова од Македонија. Кај карикатуристите, Сребрената плакета ја доби Милан Буковац-Србија, а бронзената плакета Стојан Дечев од Бугарија.

Специјалната награда на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал беше доделена на Тоде Блажевски од Македонија

На меѓународниот фестивал пристигнале околу 300 дела од автори од триесетина земји. Организатор е Домот на култура, а настанот е дел од официјалната карневалска програм

Препорачуваме:

Месецов, струмичани трошат дури 700 кубици вода за еден час

Стојне Митева

Седларци-едно од најорганизираните села во општина Василево

Dimitar Micev

За 5 дена 80 апликации за субвенции за велосипед

Ване Трајков