Регион

Добро е да има ново лице за директор на ЦРЈПР, вели Сарамандов за смената на Ѓуркова

Добро е да има ново лице за директор на ЦРЈПР кое ќе има нова енергија вели Сарамандов прв човек на Југоистокот откако на седница во Ново Село Советот на градоначалници ја разрешија Жулиета Ѓуркова од директорската позиција на која беше именувана пред година и половина и сеуште имаше мандат. Тој во писмениот одговор вели дека тоа било договор на градоначалнциите кои утврдиле дека е потребно директор на Центарот да се избира на почетокот на секој мандат на градоначаниците

,, Одлуката за избор на нов директор на Центарот за развој Југоисточниот плански регион беше донесена едногласно од страна на членовите на истиот. Во изминатиот период по направените разговори со градочалниците од Центарот за развој на Југоисточен плански регион, утврдивме директор да се бира на почеток на мандатите на градоначалниците од регионот. Досегашната директорка Жулиета Ѓуркова е на оваа функција 14 години и нашиот став е дека добро е да ја наследи ново лице кое би додало нова енергија во работењето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со цел навремено остварување на програмата на планскиот регион и акциониот план за нејзино спроведување,, стои во писмениот одговор на Сарамандов на прашањето зошто е разрешена Ѓуркова

Сарамандов информира дека на седницата на Советот на градоначалници од Југоистокот на 22 јули во Босилово била донесена одлука да се распише јавен оглас за избор на директор на Центарот. Последниве денови се погласни се информациите дека наследник на Ѓуркова ќе биде поранешен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ кој потекнува од Југоистокот. Дотогаш со ова институција ќе раководи Јован Коцев вработен во Центарот како ВД директор

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион функционира повеќе од 14 години. Во своето постоење има реалзиирано над 85 проекти чија висина изнесува над 15 милиони евра. Улогата на Центарот е подеднакво да го развива регионот со подготовка на проекти и обезбедување средства како од домашни така и од странски фондови

Првиот човек на Советот на 10 те градоначалници од Југоисточнито плански регион Сарамандов соопшти  дека Ѓуркова останува на раководна позиција во  Центарот и градоначалниците убедени се дека нејзиното искуство че биде од особено значење во понатамошното работење на ова институција

Препорачуваме:

15 први и 3 втори награди за ОМУ „Боро Џони“ Струмица на регионалниот натпревар во Кавадарци

Сузана Мицева

Земјоделците заинтересирани за вакцинација доколку е во Струмица

Сузана Мицева

Тешко повреден малолетник во сообраќајка помеѓу автомобил и мопед во Струмица

Ѓ. K.