Свет

Дејвид Камерон поднесе оставка

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска соопшти дека си заминува од функцијата.

  • Се борев за оваа кампања на единствениот начин на кој што знаев, дикретно и страствено. Мислам дека на земјата ѝ е потребно ново лидерство. Нема да биде во ред за мене да се обидам да бидам капетан кој ја управува земјата на нејзината следна дестинација -изјави Камерон.

Тој додаде дека ќе продолжи да ја врши позицијата во наредните неколку месеци.

Неименуван помошник во кабинетот на Камерон денеска изјави дека по вчерашната референдумска одлука за напуштање на ЕУ, Велика Британија сега се наоѓа на „непозната територија“.

  • Ние сега сме на непозната територија. Сите се многу уморни. Не сме спиеле – изјави неименуваниот претставник, откако нецелосните резултати од референдумот покажаа дека граѓаните на Велика Британија одлучија земјата да ја напушти Европска Унија.

Препорачуваме:

Русија ѝ се закани на Хрватска

Сузана Мицева

Шолц: Германија сака гас од Сенегал

Една година од авионската несреќа во Франција

Dimitar Micev