Регион

Дечињата од градинката Клон 2 организираа свечена пригода по повод Денот на полицијата 7 мај

Со народни носии, песни и ора, дечињата од градинката Клон 2 денес приредија свечена забава по повод Денот на полицијата. Традиционално и оваа година, заедно со своите воспитувачи тие организираа забавна програма и на сите полициски службеници им го честитаа утрешниот ден на полицијата 7 мај.

Како дел од овој празник, полициските службеници ги запознаа најмалите дечиња со својата работа. Тие рекоа дека се горди што се припадници на безбедносните сили и имаат голема чест што ја бранат и чуваат сопствената држава.

Инаку традиционално секоја година, 7 мај се одбележува како Светски ден на полицијата.

Препорачуваме:

Струмичките гимназијалци со награди на Државниот натпревар по математика

Земјоделците во долгови – ги бараат субвенциите по сите основи за 2016

Земјоделските политики чекор кон пласман и сигурно производство