• Sun. May 12th, 2024

Дете загина во сообраќајка на патот Дабиље-Петралинци

Четиригодишно дете загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Дабиље-Петралинци, на излезот од селото Дабиље. Автомобил марка Опел Астра излетал од патот. Во возилото биле татко и дете на околу четири години од селото Босилово. Од непознати причини, возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал во нивите. Најверојатно се движеле во правец од селото Петралинци кон Дабиље. На местото на несреќата пристигна полициска екипа и јавен обвинител. Детето и таткото се префрлени во општата болница Струмица, каде е констатирана смрт на детето, додека таткото поминал со телесни повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *