Регион

Децата да се вакцинираат оти нема да ги запишуваат во училиште,дециден министерот за образование и наука

Министерот за образование и наука Арбер Адеми апелира до родителите да ги вакцинираат децата по вчерашната одлука на Владата за примање на документите за упис на првачиња при што ќе бидат запишани само тие со потврда дека ги примиле задолжителните вакцини. Адеми најави дека ќе се следи состојбата и ако има потреба покрај теренска вакцинација ќе се отворат и пунктови за вакцинирање во училиштата во интерес на јавното здравје, со оглед на прогласената епидемија на морбили. На седницата на Владата се дискутирало за повеќе модалитети, но како што наведе Адеми, се соочуваме со две темелни вредности загарантирани со Уставот – правото на образование што е загарантирано, задолжително и бесплатно и правото на здравје на секое дете односно граѓанин.

Mинистерот за образование посочи дека се предвидени казни кога детето не е дел од основното образование. Затоа треба да се подигне свеста, треба да имаме доверба во институциите и во здравствениот систем за да се вакцинираат децата затоа што сите ја знаеме состојбата. И во моментов додека зборуваме во здравствените установи има деца кои се соочуваат со овој проблем, посочи Адеми.

Препорачуваме:

Струмичани со патнички возила протестираа против изградба на рудникот Иловица

Ване Трајков

Ниски откупни цени на бостанот во струмичко Колешино

Ване Трајков

Принцот Чарлс денес во Србија

Dimitar Micev