• Tue. May 14th, 2024

Струмичани со патнички возила протестираа против изградба на рудникот Иловица

ByВане Трајков

May 27, 2019

Струмичани со моторни возила и вклучени сирени повторно го крена својот глас против изградба на рудникот за бакар и злато „Иловица“. Тие од Владата побараа да му ја одзеде концесијата на Еуромакс за рудникот бидејки помина доста време. Тие возеа по струмичките улици а со патничките возила протестираа и во повеке населени места во општините Босилово и Ново село

Според организаторите, ова е предупредувачки протест и показна вежба што евентуално би можела да се трансформира во целосна децентрализирана блокада на цел Југоисток во блиска иднина, доколку, како што велат, Владата не ги уважи законите и јасно изразената волја на граѓаните за стопирање и одземање на истечената концесија за рудникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *