• Sat. May 11th, 2024

Десетина автобуси неделно за Хрватска – Македонците масовно одат на сезонска работа

По десетина автобуси неделно за Хрватска. Отворени се редовни линии трипати неделно со по три термини за поаѓање од Скопје. Македонците масовно патуваат за Хрватска, а најголемиот дел од нив се сезонски работници. Недостатокот со работна сила во текот на туристичката сезона, Хрватска го решава со анагжирање Македонци меѓу останатите работници од Балканот.

Иако платите не се високи како во западноевропските земји, за голем број Македонци е прифатливо бидејќи не се далеку од Македонија, а и немаат јазична бариера за работа во Хрватска.

Во просек месечната нето плата во зависност од работното место се движи меѓу 800 и 1000 евра.