Регион

Два клучни симптоми според кои јасно може да се разликува дали имате грип или коронавирус

Сезоната на грипот е на прагот, а проблемот оваа година е како да ги разликуваме симптомите на грип од симптомите на коронавирусот.

Здравствените експерти веќе некое време ја предупредуваат јавноста на опасност од спојување на сезоната на грип со пандемијата на коронавирусот во текот на постудените есенски и зимските месеци. Предупредуваат дека пандемијата ковид-19 треба да се стави под надзор пред грипот да почне да се шири меѓу популацијата. Во спротивно, тоа би можело да претставува преголем притисок на здравстѕвениот систем.

Еден начин на кој би можело да се избегне тоа е препознавањето на двата клучни симптоми кои го разликуваат ковид-19 од грипот.

Станува збор за дисфункција на вкусот (губење на сетилото за вкус) и диспнеа (непријатно чувство на губење воздух).

Во британската студија се прочучувани симптоми на 417 пациенти со благи и умерени симтпоми.

Најчести симптоми биле кашлање, болка во мускулите и губење на апетитот. Најчести оториноларинголошки симптоми биле болка во лицето и опструкција на дишните патишта во носот, се наведува во студијата.

Студијата открила и дека 85,6 проценти од пациентите пријавиле губење на сетилото или на мирис или на вкус.

И кај пациентите кои имаат грип или обична настинка може да дојде до привремено губење на мирисот, но кој пациентите заразени со коронавирус може да дојде до нагло и посилно губење на сетилото за мирис, кој може да донесе до неможност на разликување на кисело од слатко.

Препорачуваме:

25 години Тв Канал Вис

Станбената комисија при Влада ќе направи распределба на становите во социјалната зграда во Струмица

Заболеното лице од Струмица имало работа со многу контакти – епидемиолозите тврдат дека ситуацијата е под контрола

Сузана Мицева