Регион

Двајца жители од Богданци приведени оти превезувале мигранти

На 02.11.2021 околу 01.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Д.Ј.(24) и Ѓ.Б.(21), двајцата од Богданци. На автопатот Гевгелија–Скопје, кај клучка „Миравци“, во возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ј., а совозач бил Ѓ.Б., биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Јаневски: Нема простор за паника, почитувајте ги мерките

Сузана Мицева

Невреме со град уништи посеви во струмичко

Сузана Мицева

По сообраќана несреќа на територија на Грција тамошните повредени помош добиле преку Струмичкиот 112

Ѓ. K.