Спорт

Двата струмички состави го потврдија местото во финалето на плеј-офот

Одбојкарите и одбојкарките на Струмица први обезбедија место во финалето на плеј-офот во домашните првенства, пишува Спортспорт.мк.

Во реванш натпреварите од полуфиналната серија во машка конкуренција, Струмица вторпат со 3:0 славеше над екипата на Универзитет во Тетово со што го потврди местото во финалето, каде за противник ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Штип УГД и Работнички, каде скопскиот состав води со 1:0.

Во женското градско полуфинале во Струмица, лидерот во регуларниот дел од сезоната, екипата на Струмица со 3:0 беше подобра од екипата на Наковски Волеј и со 2:0 во партии си го потврди местото во финалето на првенството. Ривал на струмичанки ќе им биде пдообриот од дуелот на скопските ривали, Јанта Волеј и Работнички, кои вечерва го имаат вториот полуфинален дуел.

По првиот меч, Работнички има предност од 1:0 и му е потребна само уште една победа за финале.

Извор: Спортспорт.мк

Препорачуваме:

Видео: Утре првото струмичко женско одбојкарско дерби меѓу новиот прволигаш Виктори волеј и Наковски волеј

Струмица доби нов одбојкарски прволигаш – ОК Струмица жени ( видео )

Ване Трајков

Шампионот Струмица нема пари за да заигра во новата одбојкарска сезона, се бара решение !