• Wed. May 15th, 2024

Пакистанци со автомобил со струмички таблици криумчареле шест Непалци и бегале од полицијата

ByЃ. K.

Apr 8, 2024

На 07.04.2024 околу 20.30 часот во близина на с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода Ј.А.(22) и З.А.(21), двајцата од Пакистан.

Претходно, тие со патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу возилото било престигнато и запрено и во него биле пронајдени шест лица мигранти од Непал.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.