Спорт

Давитков нов тренер на КК Струмица

Јорданчо Давитков повторно ќе биде активен на македонската клупска кошаркарска сцена, откако поранешниот селектор постигна договор за соработка со челниците на КК Струмица.

Новиот прволигаш игра под очекувањата во досегашниот дел од сезоната, моментно се наоѓа на последното место на табелата со две победи и десет порази, а од Давитков се очекува да успее да го извлече тимот од дното и да обезбеди опстанок.

„Разговарав со луѓето од клубот, имам бројни блиски пријатели од Струмица, а пријател сум и со Зоран Николов, кој е на чело на овој проект. Тука сум за да им помогнам, во моментов им треба помош за да се стабилизира клубот, да застане на здрави нозе и прифатив да дојдам и да помогнам тоа да се случи. Договорот е со важност до крајот на сезонава, а потоа ќе видиме дали ќе се продолжи соработката“, изјави Давитков за ЕКИПА.

Препорачуваме:

Струмица славеше значајна победа против Охрид

Ване Трајков

Академија Пандев ги одработува последните тренизни за мечот со Зрински

Ване Трајков

Горан Пандев од АМС номиниран за спортист на 2020

Ване Трајков