• Sat. May 18th, 2024

Средните училишта во Валандово и Гевгелија со фирмите вклучени во дуалното образование ќе добијат поддршка

Средните училишта од Валандово и Гевгелија заедно со фирмите кои се вклучени во дуалното образвоание ќе добијат поддршка од германската влада за да го продолжат дуалниот модел на образование како модел за добивање на стручен кадар според потребит ена компаниите. Подршката е обезбедена од Стопанската комора на Македонија и освен за средното училиште Гоце Делчев од Валандово и Јосиф Јосифовски од Гевгелија поддршка ќе добијат уште две други стручни училишта и два факултета.

За четирите стручни училишта и двата факултета со вкупно 37 фирми членки на комората ќе добијат поддршка во висина од 2,7 милиони евра. Средствата ќе се инвестираат во снабдување на  машини и со опрема, во изградба и во реновирање работилници и лаборатории во стручните училишта и во факултетите за реализација на практичната обука, како и во обуки за наставниците и за професорите за работа со модерната технологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *