Свет

Грчки министер за туризам: Целата земја е безбедна

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис ги објави плановите на владата за вакцинирање на 280.000 работници во туристичкиот сектор во наредниот период. Веднаш штом ќе се вакцинираат загрозените категории граѓани, ќе започне вакцинацијата на туристичките работници.

Заедно со плановите за вакцинирање на сите жители на островот каде што живеат до 10.000 луѓе, ова треба да биде патот кон безбеден туризам во земјата ова лето.

Од моментот кога официјално започнува вакцинацијата на туристичките работници, процесот треба да заврши релативно брзо – во рок од три недели.

Дел од планот за отворање на летната сезона е да се испрати порака дека целата земја е безбедна за туристите. Затоа министерот предупреди дека е против промовирање на само одредени области или острови, како области што се карактеризираат како „ковид фри“, бидејќи смета дека тоа не е здрава туристичка стратегија.

Од таа причина, одлука на Владата е да ја промовира целата земја како безбедна за пристигнувањето на туристите ова лето.

Постојат одредени острови, чии жители, според планот, сите треба да бидат вакцинирани пред почетокот на туристичката сезона. Ова е таканаречената „Операција Слобода“, во рамките на која ќе бидат вакцинирани сите возрасни лица дури кај 85 проценти од грчките острови со население до 10.000 жители.

Овие се претежно острови кои привлекуваат туристи од целиот свет. Во таа смисла, оваа кампања е особено важна, бидејќи има за цел зајакнување на еден од економски најважните сектори во Грција.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Германија ќе прими нови бегалци

Сузана Мицева

Украина ги прекина дипломатските врски со Русија

Сузана Мицева

Пожар кај Света Гора, можно е да го зафати најстариот манастир

Ѓ. K.