Македонија Регион

Граѓаните се повеќе плаќаат со картички и со мобилни телефони

За 14,7 проценти е зголемена примената на платежните картички за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги во земјата од страна на граѓаните. Податоците на Народната банка се за првиот годинешен квартал, при што се забележани и солидни 12 насто раст кај вредноста на реализираните трансакции.

Податоците покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, или т.н. платни налози, посочуваат од Народната банка.

Значителен годишен раст од 16,8 проценти е забележан кај употребата на картичките за плаќање производи и услуги во земјата. На физичките места на продажба, зголемувањето е за 17,4, а кај виртуелните плаќања преку интернет растот се оценува како солиден – 11,1 насто.

Годишен раст е забележан и кај плаќањата на граѓаните со платни налози. Притоа, бројот на платежните трансакции е поголем за 6,1, а вредноста на остварените трансакции за 3,1 насто. Сето тоа во услови на натамошна зголемена употреба на електронското банкарство за иницирање на овие плаќања. Така, бројот на електронски иницираните платни налози во првиот квартал од годинава бележи раст од 14,5 проценти на годишна основа, што е двојно повеќе од годишниот раст во првиот квартал од 2022, кога изнесувал 7,1 насто.

Препорачуваме:

Томе Ефтимов за канал Вис: „Моите научни истражувања можат да придонесат за подобро општество“

Сузана Мицева

(Видео) Панова: МВР со неосновани казни за луѓето кои го блокираа патот Струмица-Радовиш

Сузана Мицева

Облачно време со засилен северен ветер

Сузана Мицева