• Fri. May 17th, 2024

Градоначалникот Ристов им подари пакетчиња на првоодделенчињата во Радовиш

ByЃ. K.

Sep 7, 2023

По повод влегувањето во училишните клупи, градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, денес ги посети новите првоодделенчиња во општинските основни училишта „Никола Карев“ и „Крсте П.Мисирков“ доделувајќи им ги подароците за нивното зачекорување во светот на знаењето.

Пакетчињата беа доставени и до новите првачиња во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, ООУ „Коста Рацин“ во Подареш и ООУ „Орце Николов“ во Ињево.

Оваа донација е целосно обезбедена од општина Радовиш.

By Ѓ. K.