• Thu. May 16th, 2024

Во Радовиш беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста

ByЃ. K.

Sep 7, 2023

Денес, на свечен начин на спомен обележјето за независноста на Република Македонија пред зградата на ЕЛС општина Радовиш беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста.

Во име на целокупната општествено-политичка јавност, од страна на делегација на општина Радовиш предводена од Градоначалникот Ацо Ристов беше положен венец од свежо цвеќе.

Свежо цвеќе беше положено и од делегација на ОВР-Радовиш и претставници од менаџерскиот тим на Рудниците Бучим и Боров дол.

На крај до сите граѓани беше упатена честитка за Денот на незвисноста од Градоначалникот на општина Радовиш.

By Ѓ. K.