Регион

Градоначалникот на Валандово бара да се испита целата постапка за издадената концесија за Казандол

Поранешниот градоначалник на Валандово  Чурлиновски постапката за Казандол ја водел нетранспарентно и ја лажел јавноста .  Дал позитивно мислење  да се подига рударскиот комплекс ,,Казандол,, а потоа  имало  јавна расправа за да се слушне мислењето на валандовчани  за овој проект.  Парадоксот да биде уште поголем е што јавната расправа се организирала откако веќе бил потпишан  договорот за концесија  за ,,Казандол,,  меѓу Владата и инвеститорот .  Вака денеска на прес конференција соопшти првиот човек на општина Валандово –  Перо Костадинов кој се сомнева дека е прекршена  целата постапка околу добивањето на позитивните мислења но и  постапката за склучување на договори за концесии за овој рударски комплекс

,,Позитивното мислење од градоначалникот на општината  е дадено на 22.12.2014 година. На 27.02.2015 е потпишан договорот за концсесија за Казандол меѓу Владата и инвеститорот.   А она што изненадува фактот е што дури на 30.03.2015 година е организирана јавна расправа на која граѓаните , еколошките организации јавно се спротиставуваат на идејата општината да даде позитивно мислење, кое претходно веќе било дадено и се криело. Сакам да ги повикам надлежните да ја преипитаат целата постапка .,, кажа градоначалникот на Валандово Перо Костадинов на прес конференција .

Според него во архивата на општината се воделе две различни мислења  на претходниот градоначалник за Казандол , едно позитивно за надлежните министерства а едно неутрално пред јавноста,  со што како што истакна Костадинов целата постапка била нетранспарентна пред граѓаните и воопшто не ги добивале потребните и вистински информации во тој период

Препорачуваме:

Повредени двајца возачи на патот Стојаково – Богородица

Ване Трајков

Градежниците до завршување на пандемијата нема да плаќаат казни за пробивање на роковите за градба

Стојне Митева

Младите пандевци со победа го стартуваа турнирот во Златибор

Ване Трајков