• Thu. May 16th, 2024

Градежниците до завршување на пандемијата нема да плаќаат казни за пробивање на роковите за градба

Компаниите, според предложените измени на Законот за градежно земјиште, ќе бидат ослободени од плаќање казни за пробивање на рокот за добивање одобрение за градење и рокот за изградба на објектот кога земјиштето се отуѓува по пат на јавно наддавање.

Владата предложи измени на Законот за градежно земјиште со кои  компаниите погодени од кризата со ковид-19 се ослободуваат од плаќање пенали за договорна казна за договорите и анексите на договорите за купопродажба на градежно земјиште во државна сопственост по пат на јавно наддавање потпишани со општините. Законот е доставен до Собранието и е дел од петтиот пакет економски мерки на Владата.

Компаниите според предложените измени на законот ќе бидат ослободени од плаќање казни за пробивање на рокот за добивање одобрение за градење и рокот за изградба на објектот кога земјиштето се отуѓува по пат на јавно наддавање.

Ослободувањето од плаќањето пенали за компаниите ќе важат додека Светската здравствена организација не прогласи дека пандемијата со ковид-19 е завршена.

Се менуваат делови од членовите 51, 74  и 75 од Законот за градежно земјиште.

Според актуелните членови предвидена е договорна казна за непочитување на рокот за прибавување на одобрение за градење и рокот за изградба на објектот кога земјиштето се отуѓува по пат на јавно наддавање во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот и купувачот е должен до општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје да доставува потврда за извршена уплата на договорната казна за секој изминат месец, Министерството за транспорт и врски постапувајќи по задолжувањето на Владата на Република Северна Македонија предлага измени и дополнувања на Законот за градежно земјиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *