Свет

Германски виролог: Не само втор, туку ќе има и трет бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има втор и трет бран на инфекција со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.

Во ТВ-емисија, Штрек рече дека не очекува дека брзо ќе се развие вакцина против вирусот.

Во блиска иднина, тој не гледа напредок во развојот на вакцината и покрај фактот дека огромен број на луѓе се вклучени во истражувања низ целиот свет.

Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.

Затоа, вели тој, општеството мора да живее со коронавирусот, пренесе Макфакс.

„Мораме да се помириме со тоа и да правиме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе случај. Секогаш мора да сметаме на појава на нови жаришта, како што беше случајот со Гитерсло и да бидеме подготвени“, објасни еден од водечките виролози во Германија.

Препорачуваме:

Турција бара повеќе пари за помош да се справи со мигрантската кризa

Dimitar Micev

Нови преговори за „помирување“ во Србија и Косово во Брисел

Сузана Мицева

Видео: Министер пливал 12 часа до брегот по пад на хеликоптер на Мадагаскар