Регион

Гевгелија со директен економски импакт од преспанскиот договор.

По преспанскиот договор со соседна Грција се отвораат вратите за економска сортаботка помеѓу двете земји од кои најголемо влијание ќе почувствуваат стопанствата од пограничниот регион.Првиот директен инпакт од договорот доаѓа во Гевгелија каде од страна на деловната заедница треба да биде неколкукратно мултиципирачко, истакна премиерот Зоран Заев ма денешната средба со бизнис заедницата од оваа општина но и бизнисмените од микрорегионот.

Заложбите на владата и ресорните министерства се олеснување на патот до европските пари за развој на малите и средните претпријатија но и можностите кои се отвораат за осработка со соседна Грција, истакна Вицепримиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

Градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков е среќен што развојните цели одат во прилог на општината кои ќе допринесе не само за раст на Бруто домашниот производ туку и за нови работни места и зголемување на платитеи можност за локален економски развој.

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев имаа прилика денеска беа во обиколка и увид на системот за водоснабдување на Гевгелија, но ги посетија и просториите каде што се наоѓаат пумпите и системите за регулација и се информираа за проектот, изградбата и перформансите на системот за водоснабдување, како и механизмите за контрола и регулација со кои е решен проблемот и обезбедена чиста вода за пиење за Гевгелија и околните села.

Препорачуваме:

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев синоќа е приведен од полицијата

Претрес во Струмица, пронајдена дрога

Ване Трајков

Над 600 земјоделци и 50 фирми ги осигурале посевите во првиот квартал од 2022