• Fri. May 17th, 2024

Рамнење на патот до црквата „Свети Димитриј“ Балинци

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово, заедно со граѓаните од населеното место Балинци, спроведуваат работна акција за рамнење и тампонирање на патот до црквата „Св. Димитриј“ – Балинци.

-Ваквите акции се основен предуслов за градење заедница на одговорни граѓани и ефективни институции, велат од комуналното претпријатие.

Оттаму додаваат дека Општина Валандово и во иднина ќе продолжи да гради функционален систем на соработка меѓу институциите и граѓаните, како и да го поттикнува и негува принципот на заедништво и општествена одговорност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *