Регион

Гевгелија најавува богата програма за Спасовден-заштитникот на градот

Гевгелија и годинава празникот Спасовден ќе го одбележи со разновидна и богата програма, која е предвидена пред и по црковниот панаѓур и црковната богослужба во црквата „Свети Спас“ во Гевгелија.

Одбележувањето започнува на 14 мај 2018 година, во понеделник, со „Гала оперски концерт“ што ќе се одржи во Народниот театар во Гевгелија.На концертот ќе настапат првенците на Македонската опера и балет Ана Ројдева Талевска, Александра Лазаревска-Василев, Злата Тосевска, Дејан Стоев, Невен Силјановски, кои ќе изведат познати оперски арии во пијано придружба на Елена Силјаноска.

На 15 мај, во вторник, во Народниот театар во Гевгелија ќе гостува театарот Комедија со театарската претстава „Прво ќе ме земеш…“во режија на Ѓорги Ризески, а во која настапуваат Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов, Дарко Вељиќ.

Во пресрет на Спасовден, на 16 мај, во среда, во Гевгелија ќе биде промовиран новиот роман на Стефан Марковски „Еретички писма“, што го издаде издавачката куќа „Три“.

Во 20 часот, во центарот на градот, ќе биде одржана традиционалната фолклорна манифестација РАСПЕАНА ЧАРШИЈА – ТРБА, ТРБИ…На отворена сцена ќе настапат ансамблиоте Распеани Гевгеличани и ЗП „Сава Михајлов“ од Гевгелија, Распеани Струмичани, Распеани Валандовчани, Распеани Радовишани, КУД Неретва од Јабланица и ансамблот Бојмија од Гевгелија.

На Спасовден, 16 мај, во четврток, во црквата Свети спас во Гевгелија ќе се одржи црковна богослужба, а во вечерните часови во Народниот театар во Гевгелија гостува ансамблот „Танец“ со „Велигденскиот концерт“.

Препорачуваме:

Физичка пресметка помеѓу две групи во училиштен двор во Струмица

Ѓ. K.

Струмичанец со трактор излетал од патот

Стојне Митева

(ВИДЕО) Зоран Заев за несреќата во Бугарија