• Thu. May 23rd, 2024

Гевгелија за два проекти за нивна реализација ќе бара пари од ИПА Програмата за прекугранична соработка

Општина Гевгелија на Вториот повик за проектни предлози на Интеррег-ИПА Програма за прекугранична соработка Р.Бугарија-Р.Македонија 2014-2020 ќе аплицира со два проекти.

Со проектот„Одржлив развој на туризмот преку заеднички интегриран прекуграничен пристап” општина Гевгелија ќе аплицира по приоритетната оска за развој на туризмот, со кој се предвидува реновирање и опремување на старото училиште во Конско, каде што е сместен Меморијалниот музеј. Станува збор за споменик на културата поради што веќе се изготвува конзерваторски проект заради задржување на неговата автентичност. Со овој проект општина Гевгелија ќе аплицира заедно со општина Разлог од Бугарија и Агенцијата за локален развој од Банско, Бугарија.

Со вториот проект „Зголемување на иновациите и одржливоста во заштитените подрачја” општина Гевгелија ќе аплицира по приоритетната оска за животната средина, со проектот е предвидена изградба на Шречистителна станица во Моин. Со овој инвестициски зафат во ова потпланинско село, како дел од заштитниот појас на Кожуф планина, ќе биде заокружен канализациониот систем, бидејќи веќе е изградена канализациона мрежа. Партнер на општина Гевгелија при аплицирањето со овој проект ќе биде Агенцијата за економски развој од Банско, која предвидува меки марки за заштита на животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *