Спорт

Гевгелија- домаќин на Европскиот футсал

Гевгелија- домаќин на Европскиот футсал.

Во периодот од 21  до 25 август, 2021 година,општина Гевгелија ќе биде град- домаќин, каде ќе се одржи спортскиот настан со меѓународен карактер. Прелиминарна рунда во футсал „Лига на шампиони“.

Натпреварите помеѓу домашниот претставник- Футсал клубот КМФ „Проект“ од Јосифово и клубовите од Европа, односно од Малта, Велс и Израел, ќе бидат одиграни во Спортската сала „26 Април“ („Солун 53“). Покровител на настанот е УЕФА- Футсал Лига на шампиони.             – Покрај спортската парола „Европски фудбал во Гевгелија“, овој Меѓународен настан има за цел да ја промовира и афирмира општина Гевгелија со туристичкиот потенцијал на градот. Користење на хотелско-угостителската понуда, а најважно од се е што граѓаните од Гевгелија и соседните општини ќе имаат можност да присуствуваат на несекојдневен спортски спектакл.            

Според протоколите за присуство на публика и новите вонредни мерки на Владата на РСМ за заштита на граѓаните од КОВИД-19, на спортските натпревари ќе дозволено присуство на 30% од капацитетот на спортската сала. Односно ќе можат да присуствуваат по околу 500 гледачи на натпревар, со евиденција за извршена имунизација, барем со една доза вакцина против КОВИД-19. Присуството ќе биде со влезница.             

Општина Гевгелија логистички го поддржува настанот, за што во договор со претседателот на КМФ „Проект“- Јосифово, ќе се обезбедат сите предуслови за неговото одржување како град-домаќин.

Препорачуваме:

Средношколците од Никола Карев – државни прваци а Стојан Илиев најдобар одбојкар

Ване Трајков

Видео – Турнирот во мал фудбал во Василево со награден фонд од над 200 илјади денари

Ване Трајков

По шест порази Влаикидис си даде оставка, Атанасов нов тренер кој треба да донесе победа на КК Струмица