Регион

Гевгелија доби грант за изградба на водоводна мрежа во Караорман

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денеска во министерството за финансии со заменик министерката Ширет Елези го потпишаа договорот за користење на грант средства од МСИП Проектот за подобрување на општински услуги.


Грант средствата во висина од 4,17 милиони денари ќе бидат користени за реализација на за изградба на водоводна мрежа на сервисните улици „Галилео Галилеј”, „Апостол Петков” и „Павел Шатев”, во станбена населба Караорман. Водоводната мрежа е во вкупна должина од 1763 метри


-Со реализацијата на овој проект се обзбедува водоснабдување на станбените објекти на овие сервисни улици во станбената населба „Караорман“ , чии инвеститори веќе платиле комунален надомест, рече градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков,

Препорачуваме:

ВИДЕО: Струмичани сметаат дека треба да се воведе полициски час

Стратегија за развој на туризмот во Општина Гевгелија

Сузана Мицева

Дарја Ризова најдобра актерка на ФКТ „Ристо Шишков“