Регион

Гевгеличани со предупредувачки барикади за законот за отпад

На три локации во Гевгелија, членови на граѓанските здруженија ,, Промени се’’ и ,,Спас за нас’’ поставија барикади и делеа флаери за да ја информираат јавноста дека се спремаат измени на законот за отпад а Гевгелија се планира како локација за преработка на отпад од увоз. Тие цели два часа ги сопираа патничките возила што велгуваат и излегуват од Гевгелија и ги анимираа сопствениците а од пратениците побараа трезвено размислување кога ќе се носи законот

Ристо Камов, граѓански активист и член на Советот на општина Гевгелија и Марина Томова, претседателка на „Промени се“ од протестот упатија барање до пратениците да го отфрлат предлогот на новиот закон за отпад со кој повторно се дозволува увоз на опасен отпад за преработка. Покрај ова, од барикадите, граѓанските здруженија од Гевгелија порачаа надлежните министерства да не дозволат издавање нова дозвола за отворање на рудникот „Казандол“ затоа што јавноста веќе била вознемирена од можноста тоа да се случи поради што најавуваат дека се подготвени со жив ѕид и барикади да стопираат каква било рударска активност на југоистокот од земјата

. Граѓаните , велат тие, им порачуваат на компаниите кои се занимаваат со загадувачка индустрија и кои безобѕирно покренуваат судски постапки против здруженијата на граѓани и поединци кои се борат да ја зачуваат животната средина и колективното здравје, дека со тоа ниту ќе ги замолчат, ниту ќе гу уплашат, туку дека ќе ги направат посилни и поодлучни во борбата за зачувување на своите огништа. Доколку пратениците и надлежните министерства не ги послушаат нивните пораки, најавија дека со барикади ќе го блокираат целиот југоисточен регион.

Препорачуваме:

ФОТО: Струмичките пожарникари испумпуваат вода од поплавени простории

Ване Трајков

Видео : Дефилето на близнаци во Радовиш станува традиционално

Ване Трајков

Насилна смрт во Струмица

Dimitar Micev