Регион

Вработените во Пошта почнаа штрајк, но попладнево добија и ветување за поголеми плати

Вработените во Пошта почнаа штрајк, но попладнево добија и ветување за поголеми плати

Нови униформи, возила, мопеди, велосипеди и линеарно покачување на платите на сите вработени од по три илјади денари, се само дел од барањата на синдикалните организации при Македонски пошти. Се надеваат дека договор ќе биде прифатен се со цел квалитетна услуга до граѓаните. Вработени во Валндово, Радовиш и Струмица со населените места денес се приклучија кон генералниот штрајк.

Директорот на подружницата во Струмица , Илиоски информира дека вработените ги почитуваат законските обврски за работа и испорака на пратките во услови на штрајк, истакнувајќи дека граѓаните нема да бидат задоцнети со испораките.

Попладнево пак, Управниот одбор на Пошта на РСМ експресно им понуди на синдикалните организации од 1 јуни годинава линеарно ќе се зголемат за 3000 денари платите на 1700 вработени од оперативниот дел (поштари, шалтерски работници и други), а од 1 август покачување со тој износ да добијат и административните службеници во ова акционерско друштво во државна сопственост.

Препорачуваме:

Во петок и понеделник втор уписен рок на УГД

Сузана Мицева

ВИДЕО: Догодина ќе се гради ветерниот парк Богданци 2

Ново задолжување од 700 милиони евра

Стојне Митева