• Wed. May 15th, 2024

Неделков: Нема да дадеме списоци за тоа кој штрајкува

Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, на денешната прес-конференција рече дека штрајкот има се повеќе приврзаници и дека нема да се достават списоци до надлежните министерства за тоа кои работници во градинките и училиштата штрајкуваат и дали по осум часа присуствувале на работното место додека трае штрајкот. 

– Списоци нема да добијат,. Тој што ќе ги даде списоците за присуство на членовите што штрајкуваат се соочува со кривична одговорност. Може да дадеме само бројка, но не и со име и презиме. За работното време, по закон треба да имаат електронски читачи, а ако нема, тогаш претседателот на штрајкувачки одбор прави верифакација и ги следи кога кој дошол на рбаота и во секое време може да реферира пред надлежен за следење на штрајкот, но никако списоци. Меѓународните искуства се дека штрајкувачите ја водат установата, а не директорите. Ова е јасна порака дека директорите треба да седат и да чекаат инструкции од штрајкувачите, рече првиот човек на СОНК.

Неделков вели дека за разлика од училиштата, директорите на градинките вршат притисок над штрајкувачите по налог на Министерството за труд и социјална политика.

– Министерството за труд и социјална политика наместо да се обиде да најде заедничко решение, испраќаат писма кои се дадени како потсетување до директори како да постапоат и како да вршат притисок со закани. Тоа се неформални писма без печат, вели Неделков.

На вработените во градинките им се вршело притисок со закани за укинување на дневници и со потсетувања дека паузите се само 30 минути.

– Во одредени објекти штрајкувачите се затворани во мали простории и не им се дозволува кога сакаат да одат на доручек или во тоалет, или да излезат на чист воздух. Тоа е нехумано, на ваков начин не се гради заемна доверба и решение за проблемот кој го имаме. Не ги кажуваме овие објекти, но ќе ги повикаме инспекторатите и локалните самоуправи да направат проверки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *